Бесплатниот превоз за пензионери во Кавадарци ќе стартува од јануари месец наредната година, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Потсетија дека одлуката за бесплатен превоз за пензионери беше изгласана на Совет на Општина Кавадарци, на 35 седница, на барање на пензионерите. Бесплатниот превоз важи во деновите вторник, четврток, сабота и недела.
– Субвенцијата произлегува од Општината, од општинскиот буџет ќе се плати на јавното претпријатие за јавен превоз, појасни кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Советниците ја донесоа едногласно оваа одлука.