ноември 21, 2024

Заврши пописот во Албанија, прелиминарни резултати се очекуваат следната година

Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) објави дека пописот на населението и домаќинствата во земјата е официјално завршен на 16 ноември. Статистичката операција почна на 18 септември и требаше да трае до 30 октомври, но потоа беше продолжена за уште 15 дена.

Во објавата на Институтот се посочува и дека до 24 месецов по слободен избор на терен ќе се изврши проверка кај лица кај кои стои забелешка оти одбиле да се попишат.

„За проценка на квалитетот на процесот и опфатот, од 20 ноември до 20 декември 2023 година ќе биде спроведена пост-пописна анкета според препораките на Обединетите нации и Европската Унија, во 100 пописни подрачја, распоредени низ целата земја“, стои, меѓу другото, во соопштението на ИНСТАТ.

Дали ќе биде опфатена општина Пустец претставниците на македонските асоцијации во оваа земја не можеа да дадат потврден одговор, но, велат, дека сè уште имаат надеж.

Поранешниот пратеник во албанското собрание и претседател на единствената македонска партија во Албанија, Васил Стерјовски, пред неколку дена изјави дека македонското население се соочило со големи притисоци од Бугарија за време на пописот, а оти дека тоа било дозволено од албанска страна.

Рече дека Бугарија правела притисок врз населението кое има аплицирано за бугарски пасоши, со цел да работи во земјите од ЕУ, а со почетокот на пребројувањето и самиот бугарски амбасадор бил во места населени со етнички Македонци за да ги убедува луѓето да се попишат како Бугари.

Read Previous

Ердоган: Турција и 2.000 адвокати ќе поднесат тужба против Израел за геноцид во Газа

Read Next

Часовници, накит и 160 парчиња облека, погледнете што заплени македонската царина (ВИДЕО)