ноември 23, 2024

Ердоган: Турција и 2.000 адвокати ќе поднесат тужба против Израел за геноцид во Газа

Турција ќе се обрати до надлежните институции за „геноцидот во Појасот Газа“ и нема да го остави ова прашање недовршено, изјави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на генералното собрание на Националниот студентски сојуз на Турција, цитиран од Анадолија.

-Заедно со над 2.000 адвокати ќе поднесеме тужба до надлежните органи за геноцид. Ќе го следиме процесот, нема да го оставиме на половина пат. Цената ќе биде платена, кажа турскиот лидер.

Ердоган, исто така, се осврна на неговата овонеделна посета на Германија, притоа изјавувајќи дека „целиот западен свет е една општа крстоносна империјалистичка структура. За жал, тоа го видов за време на мојата вчерашна посета на Германија. Тоа го видов и во германскиот претседател  Франк-Валтер Штајнмаер“, истакна Ердоган.

Тој го повика Берлин да обезбеди помош за прашањето за „ослободување на палестинските затвореници“ во Израел.

Според турскиот претседател, Израел држи над 10.000 заложници.

„Германијо, направи чекор за нивно ослободување, а ние ќе вложиме напори за оние кои се во рацете на Хамас“, порача  Ердоган.

Read Previous

УПОЗ најавува протести во петок пред Собранието

Read Next

Заврши пописот во Албанија, прелиминарни резултати се очекуваат следната година