ноември 23, 2024

Град Скопје додели пет електрични скутери за лица со телесна попреченост

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставниците на здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје додели 5 електрични скутери за лица со телесна попреченост, во рамките на проектот „Мобилна личност – успешна индивидуа“.

– Подобрувањето на условите за живот на лицата со попреченост е еден од нашите програмски приоритети и континуирано даваме поддршка на активности за остварување на оваа цел. Со реализацијата на нашите проекти се подобрува квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. На корисниците им се овозможува да се стекнат со мобилност која им е неопходна за меѓусебна соработка, вмрежување и рушење на стереотипите – истакна Арсовска.

Проектот „Мобилна личност – успешна индивидуа“, поддржан од Град Скопје согласно програмата за активностите од областа на социјалната заштита е дел од континуираните заложби на градот, а во рамки на досегашните проекти се доделија и додатоци на електромоторен погон за инвалидски колички на лица со телесен инвалидитет.

Read Previous

Прв министерски состанок за планот за раст на Западен Балкан, шест милијарди евра за реформи за удвојување на економиите на земјите од регионот

Read Next

Србија и Македонија утре ќе потпишат Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје