Утре ќе преовладува променливо облачно време со засилен јужен ветер. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни над 20 литри на метар квадратен. Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет, информираат од УХМР.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен северен ветер, над 80 километри на час. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во сабота.
Во Скопје утре ќе преовладува променливо облачно време со умерен до засилен јужен ветер, а попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на околните планини ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. На околните планини ќе провејува снег, особено во сабота.
Извор : ТВ21