ноември 24, 2024

Кина го пушти во употреба најбрзиот интернет на светот

Кина го пушти во употреба најбрзиот интернет во светот, десет пати побрз од сегашниот.

Со помош на оваа конекција, е овозможен трансфер на податоци со брзина од 1,2 терабити по секунда помеѓу Пекинг на север, Вухан во централниот дел и Гвангжу во југот од земјата.

Во прашање е пат на оптички кабли во должина од повеќе од 3.000 километри, а бил активиран во јули, но официјално пуштен во употреба дури сега, откако биле извршени сите потребни тестови.

Read Previous

Над 29 илјади граѓани се вакцинирале против сезонски грип

Read Next

Северна Македонија домаќин на првиот Регионален министерски состанок за Планот за раст на Западен Балкан