ноември 21, 2024

Владата донесе решение за формирање на Комисија која треба да ја спроведе постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија

Владата денеска донесе решение за формирање на Комисија за спроведување на постапка за избор на универзален снабдувач на електрична енергија.

Комисијата, како што стои во соопштението од владината прес-служба, треба да ја спроведе целокупната постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија по пат на јавен повик, односно да го подготви јавниот повик, тендерската документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите. Комисијата ќе треба да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач или предлог за поништување на постапка.

– Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија, велат од Владата.

Read Previous

Приведен разбојник од Скопје, дел од украденото вратено на сопствениците

Read Next

Еврокомисијата ќе ги објави извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ