ноември 22, 2024

Ердоган: Меѓународниот молк за масакрот во Газа е срамен

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со папата Франциск изјави дека израелските напади врз Газа се еднакви на масакр, пренесе Скај Њуз, додавајќи дека „молкот на меѓународната заедница е срамен“.

Турскиот претседател вчера ја критикуваше и реакцијата на Западот на израелските напади. Обраќајќи им се на претставниците на неговата партија во парламентот тој кажа дека Хамас не е терористичка организација, туку група муџахедини кои ги бранат своите земји.

-Гаѓањето на нашите палестински браќа, вклучувајќи ги и децата, пациентите и старите лица, дури и во училишта, болници и џамии, е злосторство против човештвото. Солзите на Западот, пролеани за Израел се манифестација на измама, нагласи тој и додаде дека ја откажал својата планирана посета на Израел.

Read Previous

Маричиќ: Преговорите со ЕУ го прават квалитетно и безбедно македонското рибарство

Read Next

Над 6.500 загинати во израелските воздушни напади