Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека безбедноста не е загрозена по вчерашниот инцидент во „Ист Гејт Мол“, кога е пукано врз две лица, меѓу кои и Раде Трајковски – Штикла. Двете лица се пренесени во болница, на едниот му се констатирани тешки телесни повреди.
„Безбедноста во овој дел не е загрозена, и полициските служби постојано се на терен. Работевме во делот на безбеден град или безбедно лето, во зависност на периодот во кој се спроведуваат овие акции. Поради големината, посебен акцент е ставен на Скопје. Што се однесува до инцидентот, активно се работи на случајот, веднаш е формиран посебен штаб во МВР. Сите заеднички прибираме заеднички докази и информации заедно со ЈО, се со цел да се открие сторителот и мотивите.“, рече Спасовски.