ноември 23, 2024

Словенија воведе гранична контрола со Хрватска и Унгарија

Словенија на полноќ воведе полициски контроли на границата со Хрватска и Унгарија, а оваа мерка ќе важи најмалку 10 дена. Словенија воведе контроли откако Италија ја објави истата мерка на границата со Словенија, а како причина ги наведе зголемените безбедносни ризици поради организираниот криминал, ескалацијата на тензиите на Блискиот исток и зголемениот прилив на мигранти, пренесува СТА.

Министерот за внатрешни работи на Словенија, Боштјан Поклукар, изјави дека граѓаните кои живеат во близина на границата и покрај воведените контроли ќе можат да продолжат да живеат нормално, истакнувајќи дека и дал инструкции на полицијата да го овозможи тоа. За патниците ќе бидат отворени 14 контролни пунктови – 12 на границата со Хрватска и две на границата со Унгарија.

Read Previous

Спасовски: Груевски може да се врати само во затвор

Read Next

Утре почнува вакцинација против сезонски грип, најголем интерес кај хронично болни и постари и изнемоштени лица