ноември 23, 2024

Во Скопје протест за поддршка на палестинскиот народ

Пред Мурат Пашината Џамија во Старата скопска чаршија денеска се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ.

Група граѓани со транспаренти „Слобода за Палестина“ побараа да престанат нападите во Палестина.

Емин Хусрев, претседател на здружението „Копру“ рече дека нападите во последните дванаесет дена во кои се таргетираат цивили, меѓу кои значаен дел жени и деца, „кулминираа со бомбардирањето на баптистичната болница Ал Ахли, акт кој е неприфатлив за човештвото“.

Хусрев побара нападите да престанат нагласувајќи дека не може да се остане нем за она што се случува бидејќи до денес има над 3.500 жртви.

– Очекуваме, почнувајќи од соседните земји, час поскоро да се преземат потребните чекори во насока на воспоставување на мирот и стабилноста, додека од друга страна апелираме Америка, Европа и земјите од останатите региони да превземат праведен и хуманоцентричен став помеѓу страните, рече Хусрев.

Протестот за поддршка на Палестина е организиран од страна на неколку здруженија кои својата дејност ја вршат во земјава и кои за таа цел формираа Платформа.

Read Previous

Во Скопје ќе се одржи протестен митинг за поддршка на Палестина

Read Next

Спасовски: Ја следиме безбедносната состојба, сите активности се анализираат