ноември 23, 2024

Повеќе од 50 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 52 лица загинале, а повеќе од 50 биле повредени во петокот, (29 септември) во самоубиствен напад на верски собир по повод роденденот на пророкот Мухамед во пакистанската провинција Белучистан, соопштија здравствените власти и полицијата.

Според Ројтерс, ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за експлозијата.

На западот на Пакистан, каде што се наоѓа Балучистан, зголемен е бројот на напади, што ги зголемува ризиците за безбедносните сили пред националните избори закажани за јануари следната година.

Read Previous

35-годишен Индиец две години се жалел на болки во стомакот, лекарите му извадиле 60 предмети

Read Next

ЈСП: Од 1. октомври жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот