Човек кој две години се жалел на болки во стомакот ги шокирал лекарите кои откриле дека пациентот всушност голтал разни предмети од домаќинството, од копчиња до слушалки.
Индиецот Кулдип Синг (35) решил да оди во болница поради долготрајни стомачни проблеми и покачена телесна температура.
За време на прегледот, лекарите решиле да направат рендген за подобро да ја разберат ситуацијата, а она што го откриле ги оставило во целосен шок. Синг, наводно, проголтал околу 60 различни предмети, вклучително и алки, навртки, завртки, слушалки, магнети, копчиња од кошула, патенти и многу други непрехранбени производи, пишува „NY Post“.
Лекарите му дијагностицирале психичко заболување поради кое „компулсивно голтал други предмети кои не се храна“. Болеста е најчеста кај малите деца, бремените жени и лицата со ментални нарушувања, вклучувајќи нарушувања од аутистички спектар, интелектуална попреченост и шизофренија.
Роднините на пациентот не биле свесни за проблемот.
Не Е Изненадувачки Што Јадењето Несварливи Производи Може Да Се Покаже Опасно По Здравјето, Како Што Беше Случајот Со Синг. Бидејќи Јадел Остри Предмети, Имал Тешки Рани Во Стомакот, Појаснил Ајмер Синг Калра, Директор На Болницата „Мога Медисити“ Во Мога, Пенџаб, Каде Што Бил Лекуван Пациентот.
Синг бил подложен на тричасовна операција, која иако била успешна, тој се уште е во критична состојба, вели директорот на болницата.