ноември 22, 2024

Ден на жалост во Косово по убиството на полицаец на северот на државата

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во државата, во чест на полицискиот старешина Африм Буњаку, кој вчера беше убиен во напад на вооружена група на северот од државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното соопштение од кабинетот на Османи се наведува дека „државниот протокол ќе ги преземе сите потребни дејствија за спроведување на одлуката“.

Началникот на косовската полиција, Буњаку беше убиен, а уште еден граничен полицаец беше ранет во вчерашниот напад од група од, според косовското МВР, околу 30 маскирани и униформирани лица, кои поседувале тешко оружје, во селото Бањска, кај Звечане во северно Косово.

По реакцијата на косовските специјалци, најмалку тројца од напаѓачите се убиени, а неколкумина се уапсени. Полицијата синоќа го зазеде манастирот во Бањска, каде што групата се засолнила по извршувањето на нападот.

Косовските власти, премиерот Албин Курти, претседателката Османи, министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља и други, го посочија официјален Белград и директно српскиот претседател, Александар Вучиќ, како „нарачател, инспиратор, организатор и извршител“ на нападот, чија цел, според Приштина, била дестабилизацијата на Косово.

Read Previous

Двајцата ранети кај Бањска примени во болницата во Нови Пазар

Read Next

Петровска: Неодамна протераните руски дипломати се обиделе да се вмешаат во стартешките национални интереси на државата