ноември 25, 2024

Конкурс за обука за личен асистент на лица со попреченост во Струга

Општинската организација на Црвен крст Струга распиша конкурс за обука за личен асистент на лица со попреченост.

Кандидатите треба да се државјани на Република Северна Македонија, да имаат општа психо-физичка способност за работа, минимум основно образование и да се мотивирани да работат со лица со попреченост.

Конкурсот е отворен до 22 септември, а сите заинтересирани кандидати над 18 години може да се пријават на [email protected], на телефон 046 786 014 или во просториите на Црвен крст Струга.

Read Previous

Судска администрација на протести, бараат покачување од 78 проценти на минималната плата и 35 проценти за додатоци

Read Next

ЕУ потпиша договор за статусот на Фронтекс со Албанија