ноември 24, 2024

Спасовски: Зголемена плата за 10 отсто на вработените во МВР и регрес за годишен одмор од 10 000 денари

На први октомври сите вработени во Министерството за внатрешни работи ќе имаат плата зголемена за 10 отсто и до крајот на годината регрес за годишен одмор од 10 000 денари за секој полициски службеник, истакна Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на својот Фејсбук профил. 

– Секогаш кога верувате во една иста цел мора да дојдете до решенија. Едно или друго мора да биде решението кое ќе биде во интерес на членовите на Македонскиот полициски синдикат, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, пишува Спасовски.

Тој нагласува дека низ дијалог дошле до решенија во интерес на членовите на МПС и на сите вработени на МВР.

Read Previous

ДКСК не го потврдила сомнежот за неправилна дезинсекција во Скопје

Read Next

Зголем бројот на туристи, особено на странските