ноември 23, 2024

Туркије се сеќава на жртвите од поразениот обид за државен удар во 2016 година

– На 7-годишнината од обидот за државен удар во 2016 година, Турците низ целата земја им оддадоа почит на жртвите од смртоносниот обид за државен удар

Туркије го одбележува споменот на жртвите од поразениот обид за државен удар извршен од страна на терористичката организација ФЕТО на 15 јули 2016 година, во кој загинаа најмалку 252 лица, а над 2.700 беа повредени, јавува Анадолу.

На седмата годишнина Турците низ земјата се сеќаваат на жртвите од смртоносниот обид за пуч.

Од неговото официјално назначување во октомври 2016 година, секоја година земјата го одбележува 15 јули како Ден на демократијата и националното единство, со настани што се одржуваат на национално ниво во знак на сеќавање на оние што ги загубија животите победувајќи ги пучистите и за сеќавање на храброста на нацијата.

ФЕТО и нејзиниот лидер со седиште во САД, Фетула Ѓулен, го организираа неуспешниот пуч, во кој загинаа 252 лица, а 2.734 беа повредени.

Анкара, исто така, ја обвинува ФЕТО дека стои зад долготрајната кампања за соборување на државата преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

Обидот на ФЕТО да ја собори Владата почна околу 22 часот по локално време на 15 јули 2016 година и беше спречен до 8 часот следниот ден.

Застанувајќи против заканата, турскиот народ храбро му покажа на светот дека нема да толерира каков било обид да се попречи неговата волја како што е изразена преку неговата демократски избрана влада.

AA

Read Previous

Чевик: Тоа што се случи во Босна никогаш нема да биде избришано од нашите сеќавања

Read Next

Школо во Tурција ќе носи име на Mакедонија