ноември 25, 2024

Кисела Вода бесплатно ќе го собира кабастиот отпад

Општина Кисела Вода ќе спроведе нова акција за бесплатно подигнување на кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради. Во периодот од 3 мај до 11 мај, во рамки на сите месни и урбани заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го подигаат кабастиот отпад.

За да се искористи оваа бесплатна услуга, информираа денеска од Општината, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 26.04.2023 до 02.05.2023.

– Граѓаните кои ќе сакаат да им биде подигнат и одложен кабастиот отпад треба да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период. Потоа, нашиот тим за собирање на отпад ќе ги подигне предметите, во денот што е претходно договорен со службите и ќе го транспортира на локација предвидена за ова намена, наведуваат од Општина Кисела Вода.

Апелираат до жителите да ја искористат можноста и да бидат дел од уште една акција на Општина Кисела Вода, чија цел е создавање и одржување на чиста и здрава животна средина.

Read Previous

Ковачевски: Со одбраната на енергетската независност на државата покажавме што е патриотизам во 21 век

Read Next

Груби: Ако се проневери еден денар од проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д на Бехтел и Енка да скапеме во доживотен затвор