ноември 22, 2024

Изгоре службениот автомобил на заменик-директорот на затворот Идризово

Заменик-директорот на затворот Идризово, Феми Јонузи, вели дека не ја знае точната причина како дошло до опожарување на неговиот службен автомобил. Тврди дека не добивал никакви претходни закани. Вештаците сметаат дека причина за пожарот може да биде и електричната инсталација во автомобилот, пренесува Алсат.

„Синоќа околу 20.45 часот влегов во џамија. Во 21.15 часот беше алармирано дека надвор гори возило. Жителите помогнаа да го изгаснеме. Го пријавивме случајот и веднаш дојдоа за увид. Според вештаците првичните податоци говорат дека пожарот бил поради некаков електронски дефект. Не можам да потврдам дека овој случај е поврзан со случајот од пред неколку дена кога на затворски полицаец кој имал закани, му беше запалено возилото бидејќи немам закани од никого. Но, тоа треба да го потврдат вештаците и полицијата“, наведува Феми Јонузи, заменик-директор на затворот Идризово.

Од МВР велат дека ги презеле сите мерки за расчистување на случајот.

Read Previous

Ковачевски: Договорот за изградба на коридорите ќе биде доставен од ЈПДП до Обвинителството

Read Next

Васко Стефанов е нов генерален директор на АД ЕСМ