ноември 22, 2024

Ковачевски: Договорот за изградба на коридорите ќе биде доставен од ЈПДП до Обвинителството

Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека Левица со поднесените амандмани ја кочи расправата по измените на Законот за работни односи во собраниската матична комисија чија цел е, вели, овозможување на што побрзо и поефикасно спроведување на проектирањето и градбата на Коридорите 8 и 10 д како стратешки проекти за државата. Засега не соопшти кои би биле следните чекори на Владата да се деблокира овој процес.

Тој повтори дека пратениците се тие кои го донесоа Законот за стратешкиот инвеститор и оти со специјален закон Владата беше задолжена да ги спроведе сите постапки коишто и се направени и подоцна со цел забрзување, поедноставување во постапките во дел на градежништвото што и порано било барано од голем број градежни компании, проектанти и изведувачи во државата.

-Со цел забрзување на постапките и зголемување на ефикасноста во работењето и продуктивноста пред се, пратениците имаа поднесено закони коишто, за жал една политичка партија која што е против сите стратешки инвестиции во државата, стратешки цели на државата итн. има поднесено амандмани со коишто практично се одолжува расправата. Денес не се одржа расправата, во однос на тоа кои ќе бидат наредните чекори со цел носење на законски решенија коишто ќе овозможат што побрзо, поефикасно и попродуктивно градење на овие автопатски делници и на други стратешки проекти ќе бидете благовремено информирани. Меѓутоа, определбата на оваа Влада и определбата на парламентарното и јас би рекол прогресивно мнозинство е ова да биде направено во интерес на институциите и на граѓаните и компаниите за коишто и практично се прават овие коридори за да може да ги користат во иднина, а коишто досега не постоеле, рече Ковачевски на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на тема дигитализација.

Премиерот посочи дека во однос на работните часови и во постојното решение на Законот за работни односи има дејности како што е трговијата и градови кои се туристички дестинации каде е дозволена работа во недела, а досега, вели, во градежниот сектор голем број компании изведувачи имаат побарано слични измени со оглед на сезонскиот карактер на градежните работи на кои влијаат временските услови. 

-Тоа се и побудите да се направат вакви законски измени со кои што прво подобро се искористуваат ресурсите, и второ се забзува работата и се зголемува продуктивноста на ангажираните работници. Доколку бидат донесени овие законски измени тогаш ќе можат да бидат ангажирани помал број на работници и да се работи повеќе часови. Поголем дел од финансиските средства да останат во државата со оглед на тоа дека ние снамеме колку градежни работници имаме во државата. Во другиот случај доколку не се донесат тогаш ќе има повеќе работници кои што ќе дојдат од странство со цел да работат на имплементација на овој најголем градежен проект во историјата на државата. рече премиерот Ковачевски.

Во однос на документот тој објасни дека содржи експлицитен член во него каде што договорните страни ги сметаат за доверливи информациите во договорот кои што се однесуваат на технологијата на работа на договорната страна, на начинот на нивните пресметки итн, кои што секоја компанија не сака да дојдат до нивната конкуренција доколку се најдат на јавна објава.

Тој при тоа информира дека Владата веќе донела одлука согласно со степенот на доверливост на договорот, и го овластила ЈПДП да го достави документот до Јавното Обвинителство на нивно постапување за да можат да ги испитаат сите наводи изнесени од политички партии и поединци поради наводна можност за влијанија, а кои вели, беа демантирана од страна на Владата бидејќи станува збор за една од најреномираните американски компании кои работат на имплементација на вакви големи проекти. 

-Договорот кој што е потпишан ги содржи сите елементи, вклучувајќи ја и законската регулатива и на кој начин може да биде забрзан проектот така што не постои никква дилема во однос на законската регулатива во државата и начините на кои може одреден проект да биде забрзан особено стратешки проект од државен интерес. Исто така, јас како претседател на Владата, меѓутоа и други министри ги повикаа институциите да го испитаат случајот и Антикорупциската комисија и Обвинителството. Обвинителството веќе реагираше така што од тој аспект нема никаков мотив за криење на било што. Договорот веќе во наредените практично часови ќе биде доставен од ЈПДП до Обвинителството, подвлече Ковачевски во одгвор на прашањето кој се сноси одгвоорност што бил испреговаран договор кој вклучува потреба за измени на постојните закони.

Од Левица претходно соопштија дека денеска повторно беше одложена седницата на Комисијата за труд и социјална политика, поради поднесените 1.111 амандмани од страна на пратениците на оваа партија Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Read Previous

Османи повика на лидерство во регионот на ОБСЕ во борбата против трговијата со луѓе

Read Next

Изгоре службениот автомобил на заменик-директорот на затворот Идризово