ноември 25, 2024

Маричиќ: Симболиката на Велигден поттик за обединување и охрабрување на патот кој ќе нè движи напред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод денешниот христијански празник, Велигден, испрати честитка на сите православни верници со порака на обединување околу вистинските вредности, кои ќе нè движат напред.

– Споменот на Христовото воскресение е темел на христијанската вера која нè задолжува да сме обединети околу вистинските вредности, кои ќе нè движат напред и повикува на дела на грижа и солидарност во исполнувањето на задачите кои стојат пред нас, стои во честитката на Маричиќ.

Маричиќ напиша дека со посветеност на натамошното градење на просперитетна и интегрирана Северна Македонија, пораката за обнова и живот треба да биде поттик и за заеднички пристап кон европската иднина и напредок на државата.

Интегрален текст од честитката на вицепремиерот Маричиќ:

„Христос Воскресе!

На сите православни верници го честитам Христовото Воскресение-Велигден со искрена желба да го поминеме во мир, добро здравје, духовна благосостојба и бериќет.

Да се радуваме на победа на животот над смртта и светлината над темнината и доброто над злото, кои дават смисла на нашето постоење и ја зајакнуваат нашата верба и надеж.

Споменот на Христовото воскресение е темел на христијанската вера која нè задолжува да сме обединети околу вистинските вредности, кои ќе нè движат напред и повикува на дела на грижа и солидарност во исполнувањето на задачите кои стојат пред нас.

Посветени на натамошното градење на просперитетна и интегрирана Северна Македонија, пораката за обнова и живот нека биде поттик и за заеднички пристап кон европската иднина и напредок на државата.

Нека е честит и благословен!“.

Read Previous

Полска и Унгарија забранија увоз на жито од Украина, ЕУ реагира: Тоа е неприфатливо!

Read Next

Османи ги отфрли тврдењата на опозицијата која бара негова оставка