Албанија ја стартуваше предизборната кампања за локалните избори кои ќе се одржат на 14 мај. Двајца Македонци влегуваат во трка за општина Пустец, во областа Мала Преспа, каде мнозинство е македонското население, пренесува Сител.
Актуелниот градоначалник Пали Колефски како заеднички кандидат на владејачката Социјалистичка партија и Македонска алијанса за европска интеграција, вели дека очекува голема поддршка од граѓаните и победа за да се реализираат сите започнати проекти.
Негов противкандидат е Панди Јани кој доби поддршка од Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета.