ноември 22, 2024

Ковачевски: Наскоро ќе бидат познати имињата на експертите од академската фела што ќе работат на уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека наскоро Министерството за правда ќе ги објави и имињата на експертите од академската фела од работната група за уставни измени.

-Во однос на комисијата таа веќе е во процес на формирање во Министерството за правда, кое ги објави експертите од политичките партии. Во текот на наредниот период тие ќе ги објават и експертите кои што доаѓаат од академската фела доминатно и од стручната, односно оние кои се занимавале со уставната проблематика во пракса и откако тоа ќе го направи Министерството за правда тогаш ќе започне пратичната работа на комисијата која треба да ги изработи амандманите и коишто потоа ќе бидат доставени до Владата и ќе влезат во собраниска процедура, рече Ковачевски на прес-конференција.

Во однос на барањето на Македонците – муслимани да влезат во Уставот, премиерот Ковачевски рече дека тоа ќе биде исто така работа на комисијата, бидејќи не се работи само за едно барање туку се работи за повеќе барања.

Во однос на противењето на опозицијата за уставни измени, премиерот рече дека опозицијата беше против членството во НАТО, па ние сме членка на НАТО, беше против договорот со Фронтекс, беше против отпочнување на преговорите со ЕУ, а ние ги отпочнавме преговорите.

-Тие беа против преговарачката рамка, Собранието донесе заклучоци согласно преговарачката рамка така што останува на пратениците, а имаат демократски капацитет и визија да обезбедат европска иднина за граѓаните, бидејќи овде се работи за одлука за обезбедување на непречен процес за преговори со ЕУ и отворање на кластерите и доаѓање до следни одлуки за кои повторно е потребно двотретинско мнозинство се до финалното пристапување во Европската Унија, рече Ковачевски.

Хонорарите на експертите, како што кажа, треба да ги определи Министерството за правда.

Read Previous

Пендаровски – Рубин: Јакнење на отпорноста кон дезинформациите чија цел е поттикнување антизападно расположение

Read Next

Пендаровски за Уставните измeни и ВМРО-ДПМНЕ: Не можеш некого со сила да натераш муабет да прави!