ноември 21, 2024

Халанд,  стигна до 45 гола во сите натпреварувања

Ерлинг Халанд, фудбалерот на Манчестер Сити, испиша историја во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Манчестер Сити го совлада Баерн во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите (3:0), а стрелец на третиот гол на тој натпревар беше Ерлинг Халанд.

Верувале или не, ова беше 45. гол сезонава за Халанд во сите натпреварувања, што никогаш не му успеало во историјата на Премиер лигата на еден напаѓач. Има уште многу натпревари до крајот на сезоната, па Халанд може да го подобри овој рекорд.

Инаку, реваншот меѓу Баерн и Манчестер Сити е закажан за 19 април на Алијанц Арената од 21 часот.

Read Previous

Пентагон: Србија се согласи да пренесе или веќе има пренесено оружје во Украина

Read Next

Пендаровски – Рубин: Јакнење на отпорноста кон дезинформациите чија цел е поттикнување антизападно расположение