ноември 24, 2024

ВАР технологијата на големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

ВАР-технологијата зема голем замав во спортот за да се сочува регуларноста, а таа ќе биде дел и од македонската ракометна Суперлига, во првиот од двата дуела за титулата во плеј-офот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Видеотехнологијата ќе биде поставена во салата „Јане Сандански“ во Аеродром за натпреварот меѓу двата големи ривали на домашната сцена. Јавниот национален сервис ќе го пренесува натпреварот, а ВАР-технологијата ќе биде поставена на записничката маса. Целта на овој систем е натпреварот да мине без полемики и да се прегледуваат спорните или одлуките кои носат дилема кај арбитрите.

Главни судии на натпреварот ќе бидат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски во првата сезонска битка за домашната ракометна титула. Делегати на средбата се Драган Начевски и Ацо Николовски. Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во недела со почеток од 18:00 часот./Gol.mk/

Read Previous

Амбасадорот на Северна Македонија во Анкара го предаде акредитивното писмо до Ердоган

Read Next

Бербок: Ако не сакате сите млади да одат во Европа, тогаш Европа треба да ја донесете овде