април 27, 2024

Амбасадорот на Северна Македонија во Анкара го предаде акредитивното писмо до Ердоган

– Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го прими акредитивното писмо на амбасадорот на Северна Македонија во Анкара, Јован Манасиевски

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го прими акредитивното писмо на амбасадорот на Северна Македонија во Анкара, Јован Манасиевски, јавува Анадолу.

Во рамките на приемот во претседателскиот комплекс во Анкара, новоименуваниот амбасадор на Северна Македонија му го предаде акредитивното писмо на Ердоган.

Амбасадорот Манасиевски претстави дел од вработените во амбасадата.

Манасиевски заедно со делегацијата потоа се фотографираше со турскиот претседател Ердоган.

AA

Read Previous

Катарците со втора понуда, сега со 5,5 милијарди евра за купување на Јунајтед

Read Next

ВАР технологијата на големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер