ноември 21, 2024

Катарците со втора понуда, сега со 5,5 милијарди евра за купување на Јунајтед

Катарскиот шеик и банкар Хамид Бин Јасим бин Џабер Ал Тани, кој ја предводи катарската групација за купување на англискиот великан Манчестер јунајтед ќе ја пренесе понудата за купување на гигантот од „Олд Трафорд“ до безмалку 5,5 милијарди евра во процесот да стане нов газда на местото на американските браќа Глејзер.

Според последните информации Катарците ја подготвуваат понудата која за безмалку една милијарда евра ќе биде поголема од првата која изнесуваше 4,5 милијарди евра, но беше незадоволителна за Глејзери, иако дополнително Бин Јасим даваше гаранции за скоро две милијарди евра плус инвестиции во реновирање на „Театарот на соништата“ и изградба на модерен тренинг-центар наместо досегашниот застарен во Карингтон.

Вториот понудувач за Манчестер јунајтед, еден од најбогатите Британци, Џим Редклиф со својот гигант „Инеос“ најавил дека ќе испрати нова понуда, откако исто така првата беше како катарската од 4,5 милијарди евра, но според информациите тешко дека ќе биде иста како на Бин Јасим, зашто објави дека преголемо фрлање на пари за клубот нема да има и е – залудно.

Инаку Бин Јасим сака да ги купи комплетно 100 отсто од акциите на клубот, додека Редклуб со понудата беше зза 69 отсто од акциите.

Read Previous

На денешен ден пред 19 години Македонија го поднесе барањето за членство во ЕУ, до каде стигнавме?!

Read Next

Амбасадорот на Северна Македонија во Анкара го предаде акредитивното писмо до Ердоган