Растот на извозот и зголемувањето на бројот на работни места во Технолошко индустриските развојни зони – ТИРЗ продолжува и во февруари. Како што информираат од ТИРЗ, редовната месечна анализа покажува дека компаниите во ТИРЗ во февруари реализирале извоз од над 330 милиони евра што е за 20 отсто повеќе од јануари годинава. Споредено со вториот месец во изминатите години, извозот сега е повисок за 26 отсто во однос на 2021, односно 53 отсто во однос на 2020 година, а е на исто рамниште со февруари минатата година.
-Регистриран е и раст на увозот во февруари. Компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од речиси 270 милиони евра што е за 22 отсто повисок од претходниот месец. Споредено со февруари 2022 извозот е понизок за 10 отсто, но е повисок за 11, односно 12 отсто во однос на 2021 и 2020 година. Продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот кој заклучно со февруари е 23,5 отсто, велат од ТИРЗ.