На 4 март, Светскиот ден на дебелината да потсетиме дека прекумерната тежина е пред се здравствен проблем со животозагрозувачки ризик. Од прекумерната тежина се зголемува ризикот за многу други болести како срцеви болести, дијабетес, висок крвен притисок.
Борбата против дебелината е мултидисциплинарен процес што опфаќа повеќе пристапи при лекување.
Погледнете ја трансформацијата на нашиот 39годишен пациент од Прилеп кој се избори со оваа болест на денешницата на линкот https://www.youtube.com/watch?v=hJY63ivqKSg
Тој за еден месец изгуби над 35 килограми, благодарение на комбинираниот медицински пристап, диететски режим и третирање на животозагрозувачката состојба настаната како резултат на прекумерна телесна тежина од 170 килограми и телесен масен индекс од 55.
Да направиме промена на перспективите: Да зборуваме за дебелината. Да ги исправиме заблудите, да ја признаеме нејзината сложеност и да преземеме ефективни активности.
Дебелината во светски рамки е во пораст и прогнозите велат дека до 2035 година 1,9 милијарди луѓе ширум светот ќе го имаат овој проблем. Секој четврти човек ќе биде со прекумерна тежина а дебелината кај децата ќе порасне за 100 отсто.