ноември 22, 2024

Спасовски: Маршираме за родова еднаквост и праведно општество

СДСМ за еднакви и моќни жени! Маршираме за родова еднаквост и праведно општество! Бевме упорни и посветени во секојдневното создавање на можности, сѐ до постигнување на целосна правична застапеност и родова еднаквост, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешното учество на Осмомартовскиот марш во Прилеп што се одржа во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Наша задача како креатори на политики, како што посочува Спасовски, е да се залагаме за економска и социјална рамноправност, за создавање услови за нашите мајки, сопруги и ќерки, за нашите колешки и соработнички полесно да се справуваат со дискриминацијата, насилството и сиромаштијата.

-Само со колективна акција ќе имаме инклузивно и солидарно општество, потенцира Спасовски.

Read Previous

Ковачевски од маршот во Прилеп: Да за еднакви и моќни жени!

Read Next

Лукаревска од Маршот во Прилеп: Заедно да градиме свет во кој нема да има говор на омраза и насилство кон жените