Пронаоѓачот на мобилниот телефон Мартин Купер доби награда за животно дело

Мартин Купер пред 50 години го измисли првиот мобилен телефон популарно наречен „цигла“.

Мартин Купер, човекот го измисли мобилниот телефон, прими награда за животно дело на Светскиот конгрес за мобилни комуникации во Барселона, најголем саем за безжични комуникации на светот.

Држејќи во рацете прототип на првиот мобилен телефон наречен „цигла“ кој го создал пред 50 години, Мартин Купер со оптимизам зборувал за иднината на мобилната технологија, но изразил и загриженост поради ризикот кој паметните телефони го претставуваат и за приватноста и за популацијата на младите, се наведува во извештајот на „Associated Press“.

„Моето најнегативно мислење е дека повеќе немаме никаква приватност бидејќи се за нас е некаде снимено и достапно некому кој има доволно силна желба тоа да го види или слушне“, изјавил 94-годишниот Купер.

Покрај „ерозијата на приватноста“ Купер изразил и загриженост и поради споредните негативни ефекти на кои се изложени корисниците на паметните телефони и социјалните мрежи, како зависност од интернет и лесен пристап на деца до штетни содржини.

Опишувајќи се себеси како сонувач и оптимист, Купер изразил надеж дека напредокот во технологијата на мобилните телефони има потенцијал револуционерно да ги унапреди областите како образование и здравствена заштита.

Read Previous

За ова служи третата преграда во садот за прашак на машината за перење

Read Next

ФОТО: Откриен скриен коридор во Големата пирамида во Гиза