ноември 23, 2024

Маркетите ги намалија цените на белиот и полубел леб на 33 денари, некои пекари не доставуваат залихи – но се случува феномен за кој многумина зборуваат

Одредени пекарници одлучија да не доставуваат обичен бел и полубел леб за своите потрошувачи, откако Владата ја ограничи цената на 33 денари за парче 450 грамски леб.

Денеска со полни раце работа беше и Пазарната инспекција која испитуваше дали новите мерки донесени од Владата се почитуваат.

И додека некои брендови на леб не беа достапни на граѓаните, а во некои маркети и воопшто немаше леб за цена од 33 денари, граѓаните беа гневни и разочарани од пекарите.

На полиците низ неколку познати маркети во Скопје можеше да се најде леб по цена од 33 денари од неколку компании кои одлучија да не ги бојкотираат граѓаните.

Слична е ситуацијата и во внатрешноста во помалите градови каде белиот леб изминатиов период беше поевтин во однос на цените на лебот во главниот град.

Сето ова следуваше откако Владата пред Нова година на прехранбената индустрија им даде субвенционирана цена на струја, далеку пониска отколку што ја плаќаа претходно, со што овие компании требаше да ги намалат цените, но само мал број од компаниите го направија тоа. Владата се налути и одлучи од април да не им ја субвенционира струјата на компаниите, а цената на лебот ја замрзна на 33 денари.

Дополнителни мотиви прехранбената индустрија да ги намали цените на производите беа и намалувањето на цената на горивата за над 25 отсто, но и цените на суровините.

Низ маркетите се случува вистински феномен – помали пекари сериозно се пробиваат на пазарот со пекарски производи
Интересен е феноменот што недостатокот за бел леб го искористија некои помали пекари кои се пробиваат на пазарот на пекарски производи со конкуренти цени и сега ја имаат шанса да бидат препознаени од граѓаните и да ги заменат компаниите кои одлучија да го бојкотираат производството.

Познавачите велат дека високите и напумпани цени на прехранбените производи ќе бидат срушени како кула од карти од нови помали и средни компании кои ќе понудат пониски реални цени на разни производи и ќе го искористат празниот простор наметнат од превисоките цени.

Сега е моментот на оние кои сакаат да изградат свој бренд кој лесно ќе биде пробиен на пазарот, велат познавачите на состојбите и додаваат дека и со реални цени на прехранбените производи може да се направи профит.

Read Previous

Фрчкоски: Важно е што во извештаите на ОН постои македонско малцинство во Бугарија

Read Next

Царинска Управа ќе испрати претставник за судењето за „Беса Транс“ на рочиштето закажано за 31 март