ноември 22, 2024

Гласовите на Милевски и Ристевски за наградата “The Best”

Лионел Меси по трет пат во кариерата ја доби наградата на ФИФА за најдобар светски фудбалер. Наградата се доделува од 2016 година, а Меси со третиот триумф стана рекордер и зад себе ги остави двојните победници Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски.

Во овој избор гласаат селекторите на репрезентациите, капитените и новинарите.

Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски на првото место го стави Меси, на второто Лука Модриќ, а на третото сонародникот на Меси Хулијан Алварез.

Селекторот Благоjа Милевски се определи за Меси, Килијан Мбапе и Карим Бензема./Makfax

Read Previous

ССМ најавува кривична пријава за министерот Фатмир Бесими

Read Next

Борел по средбата со Вучиќ и Курти: Постигнат е напредок, потребна е дополнителна работа