ноември 22, 2024

Дополнителни 31 милион долари од САД за опремување и модернизација на македонската армија

Со нови 31 милион долари финансиска поддршка, Соединетите Американски Држави продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно највисоките стандарди на Алијансата.

Овој финансиски пакет, информираа денеска од Министерството за одбрана, следи по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ, посочуваат, за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО.

Од почетокот на одбранбената соработка до 2022 година САД го поддржаа развојот на одбраната и Армијата со 160 милиони долари, а само во последната година Северна Македонија доби дополнителни 137 милиони долари американска поддршка.

Read Previous

Македонското население за 10 години „остарело“ пет години, просечната возраст е 41,1 години, а била 36,4 години

Read Next

Tренерот на германскиот тим откри каде ќе игра Гвардиол следната сезона