ноември 22, 2024

Прашањата за учебниците по историја во Северна Македонија и Бугарија, тема на состанокот на мешовитата комисија

Прашањата за учебниците по историја во Северна Македонија и Бугарија врз основа на меѓусебно разменетите забелешки биле тема на дискусија на 23-та средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа вчера и денеска во Софија.

Како што информира денеска МНР, членовите на Комисијата размениле идеи и аргументи како да се подобрат учебниците по историја и размениле неколку предлог-препораки кои остануваат основа за понатамошни разговори.

Следната редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе се одржи на 30 и 31 март 2023 година.

Последниот состанок на комисијата беше на 17 и 18 ноември, исто така во Софија. Главна тема беше улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за VII одделение во Република Северна Македонија

Read Previous

Спасовски: Акцијата „Безбеден град” нема да престане

Read Next

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје