ноември 22, 2024

Спасовски: Акцијата „Безбеден град” нема да престане

Во тек е акцијата „Безбеден град“ која, како што вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, покажува уште подобри резултати во смисла на справување со сите предизвици кои ги имаме на безбедносен план и од акцијата „Безбедно лето“.

-Сакам да упатам јасна порака дека оваа акција „Безбеден град” нема да престане. Ова го кажувам затоа што се пласираат шпекулации и невистини, пред се од групи на криминалци кои не им одговара една ваква оперативна акција и морам денеска нив да ги разочарам, а на задоволство на сите граѓани на Република Северна Македонија да укажам дека таа активност ќе продолжи во наредниот период, се со цел да ги постигнеме максимално целите а тоа е мир, безбедност и стабилност на секој еден граѓанин на територијата на Република Северна Македонија, објави на Фејсбук министерот Спасовски.

Read Previous

Премиерот Ковачевски на 59. Минхенска конференција за безбедност

Read Next

Прашањата за учебниците по историја во Северна Македонија и Бугарија, тема на состанокот на мешовитата комисија