ноември 22, 2024

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Како што нагласуваат од МВР, веднаш по добиените пријави, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Read Previous

Прашањата за учебниците по историја во Северна Македонија и Бугарија, тема на состанокот на мешовитата комисија

Read Next

Бесими: Одлуката за одложување на еврообврзницата е во координација со банките и инвеститорите, нема дополнителни трошоци