ноември 23, 2024

МВР: Казнети 549 возачи за брзо возење

Во рамки на засилена акциска контрола што полицијата ја спроведе на територијата на Република Северна Македонија санкционирани се 549 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од нив, како што соопшти МВР, 26 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 330 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 219 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

извор:опсервер

Read Previous

Трагедија во Македонија: Загина маж, со возило излетал од патот откако му се слошило

Read Next

Гореше куќа во Штип, пожарникар повреден