Покривна конструкција и кат од куќа вчера изгореа во Штип во населбата Сењак 2. При интервенцијата полесно се повредил еден пожарникар, информираат од Центарот за управување со кризи.
Поради силината на пожарот, дополнително биле овикани уште два камиони и седум пожарникари, па пожарот го гаснеле вкупно четири возила и 13 пожарникари.
Се уште нема првични информации за причините за пожарот.
извор:локално