Денеска (13.02.2023) во 05:55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај с.Слатино, патничко моторно возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(60) од с.Теарце, излетало надвор од коловозот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а во службен разговор, сопругата на возачот изјавила дека пред несреќата на Т.Д. му се слошило, по што изгубил контрола над возилото.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
извор:Курир