ноември 25, 2024

Се расчистуваат дивите препродавачи на Зелен пазар

Инспекторите на Општина Центар и викендот беа во контролни акции на Зеленото пазарче. Овој пат без претставници на Државниот пазарен инспекторат, само во присуство на полицајци од полициската станица „Центар“, повторно го расчистувале пазарот од дивите препродавачи.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи во Општина Центар, Мирослав Богдановски, вели дека и покрај тоа што овде постојано имаат засилени контроли, повторно има диви препродавачи.

-Се пишуваат казни. Во саботата напишавме околу десетина. Но, сепак доаѓаат. Некои од нив се социјални случаи. Тогаш од нив не може да се наплати казната. Исто така, има и лица кои немаат лични карти. Тоа се таканаречени „фантоми“ од кои исто така не можат да се наплатата казни – изјави за весникот ВЕЧЕР, Богдановски.

Тој се надева дека полека ќе воспостават ред на овој пазар, за да можат да се префрлат на пазарот „Буњаковец“ каде што исто така ќе воспостават засилени контроли.

-Овде е полесно. Проблем овде се цвеќарите кои продаваат на тротоарот – истакна Богдановски. Засилените инспекциски контроли Општина Центар ги започна пред една недела, кога во Зеленото пазарче влегоа со претставници од Државниот пазарен инспекторат и од полициската станица „Центар“.

извор Вечер

Read Previous

Киев воведе санкции за уште 200 руски граѓани и поединци поврзани со Русија, вклучително и советници на Путин

Read Next

Полесно повреден пожарникар при гасење пожар во Штип