ноември 23, 2024

Донација од Пендаровски за настраданите во Турција и Сирија

Претседателот на државата Стево Пендаровски и неговото семејство денеска на пункт на Црвениот крст на Северна Македонија донираа производи за помш на населението во Турција и во Сирија погодено од катастрофалниот земјотрес.

-Денеска дониравме храна, средства за хигиена и облека за настраданите лица од земјотресите во Турција и Сирија. Во овие тешки денови, хуманоста и солидарноста што ја покажаа нашите граѓани е за секоја почит, објави Пендаровски на неговиот фејсбук-профил.

Во својата објава претседателот го напиша и телефонскиот број 143 400 на кој македонските граѓани може да донираат 100 денари за промош на настраданите.

Read Previous

ОН ветија помош од 25 милиони долари за Сирија

Read Next

Појава на одрони на патот од Делчево кон граничниот премин со Р.Бугарија