ноември 23, 2024

ОН ветија помош од 25 милиони долари за Сирија

ОН ветија 25 милиони долари помош за луѓето во областите погодени од земјотресот во Сирија. Износот е дополнување на донацијата од 25 милиони американски долари објавена претходно оваа недела за итни операции во Турција и Сирија.

Шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс рече дека новата помош ќе помогне да се задоволат итните потреби на стотици илјадници Сиријци. Тој додаде дека условите во земјата се најлоши од почетокот на конфликтот во 2011 година – со намалени ресурси, епидемија на колера и сурови зимски услови.

Агенцијата на ОН за бегалци објави дека речиси пет и пол милиони луѓе во Сирија би можеле да останат без покрив над главата по разорниот земјотрес што ја погоди земјата.

Read Previous

Спасено девојче од 3,5 години 103 часа по земјотресите во Туркије

Read Next

Донација од Пендаровски за настраданите во Турција и Сирија