мај 2, 2024

Појава на одрони на патот од Делчево кон граничниот премин со Р.Бугарија

Појава на одрони е регистрирано на патниот правец од Делчево кон граничниот премин со Република Бугарија. Одроните зафатија дел од коловозот кај месноста Воденица, веднаш над делчевското село Ѕвегор.

Од ЈП ,,Македонија Пат” информираа дека нивни екипи се упатиле кон посочената локација, со цел расчистување на одроните.

-На споменатиот патен правец утрово имавме интервенција на помали одрони, а во попладневните часови добивме дојава за поголеми одрони кај споменатата локација. Екипите се на терен и работат на расчистување на одроните, истакнаа од ЈП ,,Македонија Пат”.

Оттаму посочија дека појавата се должи зголемените температури и топењето на снегот кој минатата недела го зафати регионот.

Апелираа на внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација долж овој патен правец.

Read Previous

Донација од Пендаровски за настраданите во Турција и Сирија

Read Next

На протестот на опозицијата во Тирана побарано премиерот Еди Рама веднаш да си замине