ноември 23, 2024

Речиси 10 000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

Бројот на жртвите од земјотресите во Сирија и Турција продолжува да расте и според турската „ТРТ ворлд“ сега изнесува близу 10 000.

„Бројот на загинати од двете земји се искачи на близу 10 000 и се очекува дополнително да се зголеми во наредните денови“, наведува „ТРТ ворлд“.

Според податоците на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) над 34 810 луѓе се повредени при уривањето на илјадниците згради во регионот.

Управата за вонредни ситуации денеска соопшти дека по разорниот земјотрес во понеделникот, во Турција се регистрирани 648 последователни потреси.

Тимови за пребарување од речиси 30 земји се пристигнати во Турција и се вклучени во давањето помош на тамошните екипи.

Read Previous

Штипски пожарникари спремни да заминат во Турција, со вториот македонски конвој

Read Next

Ердоган тргна за Кахраманмараш кој е погоден од земјотресот