ноември 23, 2024

Штипски пожарникари спремни да заминат во Турција, со вториот македонски конвој

– Петмина штипски пожарникари од утринава се спремни за да заминат со вториот македонски конвој кон настрадните места по земјотресот во Турција. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека за три часа биле спремни, откако го добиле повикот од Дирекцијата за заштита и спасување.

-Чекаме наредба од Дирекцијата за зашита и спасување кога ќе тргниме, а за враќање не се знае, се зависи од ситуцијата каде што ќе одиме, за да помогнеме на настрадното население во Турција, вели Коцев.

Опремата за спасување и извлекување на луѓе под урнатините на зградите во градовите кои беа погодени од катастрофалниот земјотрес веќе е во специјализираното возило и само се чека повикот, кога штипските пожарникари во текот на денот ќе тргнат со спасувачи и пожарникари, кои ги координира Дирекцијата за заштита и спасување. Коцев посочи дека на останатите пожарникари им се дадени задачи за да ја извршуваат работата на терен и при можни пожари во општините Штип и Карбинци.

Read Previous

Туркиш ерлајнс бесплатни повратни летови до зоната на земјотресот

Read Next

Речиси 10 000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија