ноември 23, 2024

Земјотрес и во Казахстан со јачина од 5,4 степени

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди југот на Казахстан, јавува Анадолија.

Казахстанскиот национален центар за сеизмолошки набљудувања и истражувања соопшти дека земјотресот бил регистриран вечер во 19:02 часот по локално време.

Земјотресот е регистриран на 628 километри западно од Алмати на југот на земјата.

Почувствуван е и во јужните градови Шимкент и Тараз.

Read Previous

Алепо меѓу најпогодените градови во земјотресот во Сирија

Read Next

1 лице го загуби животот под минарето на џамијата уништено во земјотресот