ноември 23, 2024

Турција прогласи седумдневна национална жалост, расте бројот на жртви

Турција прогласи седумдневна национална жалост по смртоносните земјотреси кои погодија неколку јужни провинции, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Поради земјотресите што се случија во нашата земја на 6 февруари, прогласена е национална жалост во траење од седум дена. Нашето знаме ќе биде на половина копје до зајдисонце во недела на 12 февруари во целата наша земја и во претставништвата во странство, напиша Ердоган на Твитер.

Според последните информации, во земјотресите со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што денеска погодија големи делови од Турција и Сирија, во Турција загинале 2379 луѓе, а повеќе од 13.293 се повредени.

Read Previous

Расте бројот на загинати во земјотресот во Турција, досега потврдени 1498 жртви!

Read Next

Алепо меѓу најпогодените градови во земјотресот во Сирија