ноември 21, 2024

Стапи на должност петтата техничка Влада на Бугарија

Бугарската техничка Влада денеска положи заклетва пред претседателот на државата Румен Радев, која треба да служи на државата до одржување на предвремени парламентарни избори и назначување редовна влада.

-Пред шест месеци ја презедовте одговорноста за државата во тешко време, прогнозите предвидуваа многу негативни сценарија за економијата, рече Румен Радев на официјалната церемонија на која ги презентираше задачите и приоритетите на преодната влада. – Успеавте да го запрете „слободниот пад“ на државата, им се обрати Радев на владините министри.

Преодната влада стапува на должност денеска со указ издаден од шефот на државата на 2 февруари, пренесува БТА.

Радев истакна дека главна задача на Владата е подготовка на фер и транспарентни избори. Но, тоа се искомплицира поради измените во Изборниот законик. – Верувам дека ќе направите се за да не се искриви гласот на бугарските граѓани, рече шефот на државата.

Преодната Влада ќе ја предводи Галаб Донев. – До вчера бевме 100-та влада на Бугарија, од денеска сме 101-та и причината за ова е само една – 48-то Народно собрание не успеа да избере редовна влада поддржана од стабилно парламентарно мнозинство, истакна Донев.

Бугарскиот претседател вчера издаде указ за именување на преодна влада од 3 февруари, предводена од премиерот Галаб Донев. Единствена промена во составот е министерот за култура – Најден Тодоров ја презема функцијата од проф. Велислав Минеков.

Read Previous

Полицијата го обезбедува просторот околу црквата Свети Спас, пристап ќе имаат само најавени делегации

Read Next

Вработените во кабинетот на Пендаровски уште не земале јануарска плата