ноември 22, 2024

Македонија У21 во Група Ц, заедно со Холандија и Шведска

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ги дозна своите противници во претстојните квалификации за Европското првенство кое ќе се одржи во 2025 година во Словачка.

Во седиштето на УЕФА во Нион, утрово се извлекоа деветте квалификациски групи, а Македонија ќе се натпреварува во Групата Ц. Ривали на момците предводени од Драган Канатларовски ќе им бидат Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар.

Квалификациите стартуваат во март, а ќе траат до октомври следната година. Победниците на групите и трите најдобри второпласирани одат директно на завршниот турнир. Останатите шест репрезентации кои ќе бидат втори во групите ќе играат меѓусебен плеј-оф за место на Европското Првенство./Gol.mk/

Квалификациски групи за ЕП 2025:

Група A: Италија, Република Ирска, Норвешка, Турција, Летонија, Сан Марино

Група Б:  Шпанија, Белгија, Шкотска, Унгарија, Казахстан, Малта

Група Ц:  Холандија, Шведска, Грузија, Македонија, Молдавија, Гибралтар

Група Д:  Германија, Полска, Израел, Бугарија, Косово, Естонија

Група Е:  Романија, Швајцарија, Финска, Албанија, Црна Гора, Ерменија

Група Ф:  Англија, Украина, Србија, Северна Ирска, Азербејџан, Луксембург

Група Г:  Португалија, Хрватска, Грција, Белорусија, Фарски Острови, Андора

Група Х:  Франција, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Кипар

Група И:  Данска, Чешка, Исланд, Велс, Литванија

Read Previous

Адвокатот на оштетените за „Ласкарци“: Разликата во машинското вештачење и во супер вештачењето е само заклучокот, другото е се исто

Read Next

Италија ќе прави паметни автопатишта со дронови за прва помош и предупредување од опасности